Бранка Павловиќ е именувана за Претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје и ќе стапи на оваа функција од 1-ви февруари 2015 година.
„Надзорниот одбор на Охридска банка АД Скопје ја назначи Бранка Павловиќ за Претседател на Управниот одбор, по добиена претходна согласност од Гувернерот на НБРМ. Мандатот на Павловиќ е четири години. Таа ја заменува Јитка Пантучкова која оди во пензија по 13 години поминати во Сосиете Женерал Групацијата,“ информираат од банката.
Бранка Павловиќ дипломирала економија на Универзитетот во Белград. За време на изминатите 15 години била назначена на бројни раководни позиции во рамките на Сосиете Женерал Групацијата.Во Сосиете Женерал Србија била член на Извршниот одбор на банката, одговорна за корпоративниот сегмент и Претседател на Управниот одбор на Сосиете Женерал Пензиски фонд. Во 2009 година беше главен извршен директор на Сосиете Женерал Монтенегро во времетрање од пет години. За време на овој период банката беше наградена со неколку значајни достигнувања за исклучителни перформанси и менаџмент на промени.
Охридска банка и се заблагодари на Јитка Пантучкова за нејзиниот исклучителен придонес во развојот на банката од јануари 2010 година. Под нејзино раководство банката остварила силен и хармоничен раст во перформансите, на портфолиото на клиенти, на мрежата на експозитури и пазарното учество, постигнувајќи добра рамнотежа во развојот на банкарството за население и корпоративното банкарство.
OhridNews












