
Во 2012, а и во минатата година, светскиот финансиски магазин „Банкер“ ја прогласи Сосиете женерал Монтенегро за банка на годината во Црна Гора. Павловиќ во Црна Гора дојде во 2009 од Сосиете женерал Србија и е прва жена на чело на банката во рамки на Сосиете женерал групацијата.
Досегашната претседателка на УО на Охридска банка – Сосиете женерал, Јитка Пантучкова, успешно ја раководеше банката од ноември 2009 година. Пантучкова во Македонија дојде од Комерчни банка, Сосиете женерал груп од Чешка, каде што беше член на Одборот на извршни директори.
Замената на претседателот на УО треба да се реализира од почетокот на идниот месец, до кога треба да завршат и законските процедури.
OhridNews
Извор:„Утрински Весник“











