Зголеменото ниво на Охридското Езеро, пред недела дена се закануваше целосно да ја потопи плажата „Сараиште“, а надлежните уверуваа дека нема опасност од евентуални поплави.

Иако разорните бранови кои оштетија дел од бетонската плажа се повлекоа, „Сараиште“ остана под вода.

Научните работници на неколку наврати апелираа дека е потребно навремено да се контролира истекот на езерото кај Црн Дрим, за да не дојде евентуално до поголеми штети долж крајбрежјето.

Поројните дождови кои повторно ја зафатија охридско-струшката котлина, предизвикаа зголемување на нивото на езерото за 20-тина сантиметри, а за наредните денови се најавуваат дождови со помал интензитет.

О.Т.