Врнежите од дожд и силниот јужен ветар кој ги разбранува водите на Охридското Езеро, целосно го поплавија градскиот кеј.
Високите бранови предизвикаа проблеми не само долж крајбрежјето, туку и во стариот дел на градот, односно улицата кај поранешната градска библиотека.
Според последните мерења, нивото на Охридското Езеро е 4 сантиметри над максимално дозволената кота и се наоѓа на 693,79 метри надморска височина.
О.Т.