
Инцидентот се случил ноќеска пет минути по полноќ во селото Велешта, информираат од СВР Охрид.
Осомничениот прво го удрил со пиштол својот брат, а потоа пукал и го повредил во пределот на слабината. Поцредениот е пренесен во општата болница во Струга и се наоѓа надвор од животна опасност, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Осомничениот избегал од местото на настанот и по него трага полицијата.
OhridNews












