Братските тандеми треба да ја зближат и зајакнат селекцијата
08.04.14 08:15
Стружаните Велко и Никола Маркоски го сочинуваат третиот братски тандем по Кирил и Филип Лазаров и Наумче и Златко Мојсовски во македонската ракометна репрезентација. Братските тандеми според постариот од браќата Маркоски, Велко треба да ја зајакне и зближи селекцијата.
– По доаѓањето на Никола во селекцијата добив уште еден другар, а секако дека во моите очи тој секогаш ќе биде мој брат. Одговорноста секако дека е поголема, но и тој самиот е свесен што значи селекцијата и да ја браниш честа на својата држава. Братските тандеми треба уште повеќе да ја зближат селекцијата бидејќи нема потреба од дополнително запознавање – рече Велко.
Помалиот Никола со крупни чекори тргна по стапките од неговиот брат. Тој од Вардар се пресели во Металург, а тогаш следуваше и повикот во А селекцијата.
– Секогаш ги слушам неговите совети. Тој е далеку поискусен и затоа вреди да се слуша. Во него добивам доверба и секогаш заедно после секој натпревар ја коментираме нашата игра – додаде Никола.
Тоа што Велко и Никола Маркоски се врвни спортисти не е случајно бидејќи нивниот татко бил врвен фудбалер бранејќи ги боите на скоро сите македонски клубови.
– Спортот ни е од мали нозе приоритет број еден во нашиот дом. Нема дома собир,а да не се спомене спортот и да се коментира околу него. Желбата за спортот ни ја разбуди нашиот татко, но тој „навиваше“ за фудбал, а не за ракомет – завршија Велко и Никола.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...