Не е доволно да имате сонце, вода и чист воздух за развој на спортскиот туризам, ситуацијата во македонскиот фудбал и во спорот е огледало на ситуацијата на државата, вели Слободан Вујчиќ – Брацо, преставникот на УФА Медија за Македонија, кој се одмараше во Охрид, во хотелот “Славија Спектар“ . Тој  во интервјуто за ohridnews одговори на серија актуелни прашања поврзани со македонскиот фудбал.


Велат каква е државата таков е и спортот, ситуацијата во македонскиот фудбал и воопшто во спортот не е розова, a аматеризмот се уште владее во Македонија

– Нема средства, нема инвестиции ништо не е подобро од фудбалот, од останатите спортови во кошарката, ракометот,  со импровизации со аматеризам, тешко дека ќе дотуркате далеку во Европа. Ракометните клубови кои ги водеа Трифун Косотовски, Михајло Михајловски, и сега Минчо Јорданов, постигнаа резултати благодарание на одличните спонзори кои стоеа зад клубовите. Гледате Вардар осум години играше во Европа, а каде е во последните 2,3 години. Поради играњето на луѓето со имиџот, со брендот наречен Вардар. на жалост после неколку години од тој бренд нема да остане ништо.  За повоторно да се врати некоја фабрика во погон, треба многу повеќе средства и време, отколку кога тој процес би течел непрекинато. Најголема е кривицата кај оние кои по секоја цена сакаат да ги водат клубовите, без разлика што тоа би довело до пропаст.

ТВ правата, колку македонскиот фудбал е интересен за македонските национални телевзии?

Зошто националната телевизија да пренесува натпревари од странските првенства, а да не ги пренесува мечевите од домашниот шампионат и да ја афирмира македонската лига.  Некогаш МТВ беше единствена и имаше монопол, сигурно дека и најголемиот број на кадри потекнуваат од оваа телевизија. МТВ е миленик и жртва на политиката, бидејки таа мора да биде глас на партијата на власт. Таа нема доволно финански средства, но слично е ситуацијата во многу од западните држави со националните телевизии. Но пазарот го регулираа тоа, ако имате неколку приватни телевизии кои сакат да ги имаат на својата програма натпреварите од најсилните европски првенства вие не можете да ги запрете.  Но верувам дека МТВ во една добра соработка , е во можнот да направи нешто за македонскиот фудбал. Ние ја држиме лигата во бугарија, но таму постои една реална цена која се плаќа, еве за пример ќе ја земеме Словенија, Цената на првенството во Словенија е отприлка 700 илјади , додека ние во Македонија неможеме да стигнеме до 200 илјади. 


Но квалитет кој го нуди фудбалот во Македонија е една од причините за слабиот интерес кај телевизиите за преносот на натпреварите од првата МФЛ.

– Мислам дека лигата во Македонија е гломазна и прво  што треба да се направи е да се намали лигата, кога може Австрија да игра со 10 екипи зошто да не може Македониија, квалитетот ќе биде концентриратн и натпреварите би биле поинтересни. Хрватска која пред неколку години одлучи да ја зголеми лигата на 16, од оваа година лигата во неколку фази ќе ја намали на 12. Македонскиот шампионат никако да излезе од бројните импровизации. она што УЕФА го бараше е тоа да се воведе лиценцен систем, тој е воведен секаде, не можете да играте во Германија, ако во 1 мај не можете да потврдите дека сте ја затвориле финасиската констркуција за наредната сезона, тогаш следи преселба во понизок ранг. Овде беше потребно да се плати една котизација и тоа на двапати по 6 илјади евра, па одма започнаа проблемите. тоа е доказ дека нема средства, многу луѓе сакат да бидат водечките луѓе во клубовите иако немаат ниту средства ниту капацитет за тоа. Големи клубови за македонските прилки претпрпуваат хаварии, економските прилики во Македонија се тешки а згора на тоа и законите кои се во Македонија не се во прилог на спонзорите.

Националното првенство и вложувањето во младите фудбaлери мора да биде приоритет број еден, смета популарниот Брацо

– Мислам дека во земјата мора најголем интерес да предизвикува домашното првенство. Видете, во Германија, неможете бесплатно да ги следите натпревари од другите европски првенства, си имат плати па гледај канали , кого го интересира тоа нека си гледа, за германскиот граѓанин е интересна германската лига. Овде и вас подраго ќе ви биде да гледате, некој Георгиевски, Наумов, Рамадни, итн, секогаш има луѓе кои ќе сакаат да ги гледаат мечевите на Реал, Барселона , и кај нас се игра добар фудбал но треба хемиски да се исчити. Пред десет години Германија доживеа фијаско на европското првенство. Месец дена подоцна германскиот фубалски сојуз донесе одлука  за формирање на 54 единици во земјата, каде ќе се работи на еден поинаков начин со младите категории, за тие единици беа издвоени 54 милиони евра, во послединтие 3-4 години германските млади селекции завршуваат меѓу најдобрите четири на првенствата. И во Македонија има таленти, но што вреди тоа, кога условите инфраструктурата се лоши.  Пред десет години ние со Цементарница, се обидовме да направиме еден експримент, да ги соберем сите младинци во еден клуб, но не успаевме во тоа но затоа Цементарница исфрли седум репрезентативци и клубот кој беше второлигаш играше три години во Европа .

За оние кои ги познаваат приликите во Македонскиот фудбал знаат дека екипите во кои бевме со нашата компанија и имав контакти играа во Европа,  Македонија ЃП, Цементарница играше три години, Вардар осум години играше во Европа и беше на чекор до лигата на шампиони, Работнички игра во Европа, и Тетекс кој од втората лига влезе во првата лига по само една сезона игра во Европа. Во моментов Работнички и Тетекс се екипите кои прават многу за македонскиот фудбал со самиот факт што се присутни во третот коло од квалификциите за Лига Европа.

Успеа ли Тетекс или Работнички, да го заменат чувстото на успех со Вардар?

– Тие не се екипи кои може да се споредат, но за оние кои разбираат и знаат дека самото наше присутво во клубот е гаранција за успех дека клубот ќе игра во Европа, тоа мора да биде и признато од другите. Натпреварите помеѓу Вардар и Цементарница беа натпревари со набој, така што играчите на двете екипи “гризае“ да докажат дека заслужуваат да играт во подобриот клуб, така во една сезона токму Цементарница му ја одзеде титулата на Вардар. Така е и на мечевите на Тетекс, клубот кој 16 години играше во Втората лига, игра во Првата лига, и не само тоа туку и во одлично светло се покажа во Европа.

Што му фали на Охрид  за да прерасне во спортски туристички центар?
– Мора градот и државата да направи инфраструктура  не може да се рече дека Билјанини Извори има два три терени на кои може да се игра , за да се направи некоја саглам понуда мора да имате еден куп терени. Не е доволно да имате да имате сонце и вода и чист воздух. Тврдам дека и во Индија има доста свеж воздух и чиста вода па пак екипите не одат таму на подотовки.потребно е многу повеќе од тоа. Ние овде доведовме клубови од други држави, доаѓаат на приказна на пријателска база, но мора градот нешто да направи, некој мисли дека е доволно направено, но тоа е недеволно  за да се анимираат клубовите .

Мирко Постоловски