Ова го изјави Зак Браун во своето прво интервју, по доаѓањето во Мекларен како технички директор, кој нагласи дека новиот спонзор би требало да го крене тимот.
Исто така истакна дека го очекува многу работа како технички директор но и дека фалат доста спонзори за унапредување на тимот како и за промоција на брендот.
“Има доста места на Меклареновиот болит кои можат да се исполнат со спонзори – изјави Зак и додате – дури и за оние “мали“спонзори кои би можеле доста да помогнат. Но сепак нам ни требаат партнери и еден главен спонзор кој ќе ни донесе повеќе атрактивност на глобално поле“.
Овој тим последен пат главен спонзор имаше во 2013 година кога телекомуникационата компанија “Водафон“ беше вистински партнер. Два големи спонзори како “Хуго Бос“ и “Таг Хауер“ го напуштија тимот. Дали го предвидоа големиот пад на Мекларен останува да се види уште следната година.
За лошите потези во партнерството веќе беше казнет и отпуштен Рон Денис после 35 години, кој повлече потег кој, според познавачите на F1, го фрли тимот во бездна од која тешко ќе се врати.
OhridNews