Бразилската фудбалска федерација нема да испрати жалба за суспензијата на Нејмар од четири натпревари за црвениот картон на дуелот со Колумбија на Копа Америка.


Нејмар по завршување на натпреварот со колумбијците со топка погоди противнички играч по што настана хаос на теренот.

– Нејмар го напушти кампот на Бразилската фудбалска репрезентација во Чиле. Нема да испратиме жалба затоа што сметаме дека Нејмар погреши и мора да се носи со последиците. – соопштија од Бразилската федерација.


Покрај бразилскиот репрезентативец директен црвен картон доби и играчот на Колубмија, Карлос Бака кој го нападна Нејмар.

Ohridnews