Селекцијата на Бразил е најголем фаворит според сите параметри за освојување на титулата на Светското првенство кое на 14 јуни ќе започне во Русија.

Коефициентот за „кариоките“ да го покорат светот изнесува 5, а за Германија која е бранител на трофејот и втор фаворит коефициентот изнесува 6. Третото место во светските обложувалници со коефициент 7 го делат Шпанија и Франција, а на петтата се наоѓа Аргентина со 10 коефицент. Од шестата до десеттата се Белгија (12), Англија (15), Португалија (25), Хрватска и Уругвај со идентичен коефициент 35.

На бразилците им се дава најголема шанса да играат финале и да бидат во ТОП 3 селекции и да бидат најефикасна репрезентација во групите и нокаут фазата.

Единствено, Лионел Меси помеѓу голгетерите ја има фаворитската улога со 10 коефициент пред Нејмар, Гризман и Роналдо кои имаат 12 коефициент за најдобар стрелец. Потоа, следуваат Габриел Жесус, Тимо Вернер, Ромелу Лукаку и други.

Светското првенство во Русија започнува на 14 јуни со дуелот помеѓу домаќинот и Саудиска Арабија, а натпревари ќе има секој ден до завршувањето на фазата по групи.

OhridNews