Петкратниот шампион на светот, Бразил го чекираше својот билет за Мундијалот во Русија со триумфот над Парагвај (3-0), додека Аргентина допрва треба да се бори за место меѓу светскиот крем по поразот од Боливија (2-0) во 14-та рунда од квалификациите во Јужна Америка.


„Гаучосите“ кои се светски вицепрваци без капитенот Лионел Меси кој заработи суспензија од четири мечеви претрпеа неочекуван пораз од Боливија (2-0) и максимално си ги закомпликуваа работите во квалификациите за Мундијалот. Аргентинците после поразот од Боливија паднаа на петтата позиција на табелата која води во баражот. Меси суспензија од четири мечеви доби поради вреѓањето на судијата на мечот со Чиле во 13-та рунда од квалификациите.

„Кариоките“ на крилата од Нејмар и Кутињо забележаа победа над Парагвај (3-0) и математички обезбедија пласман на завршницата од СП во Русија.

Резултати: Боливија – Аргентина 2-0, Еквадор – Колумбија 0-2, Чиле – Венецуела 3-1, Бразил – Парагвај 3-0, Перу – Уругвај 2-1.

Табела: Бразил 33, Колумбија 24, Уругвај 23, Чиле 23, Аргентина 22, Еквадор 20, Перу 18, Парагвај 18, Боливија 10, Венецуела 6.

OhridNews