Селекцијата на Бразил со два голови во финишот од мечот извлече реми (2-2) на гостувањето кај Парагвај во рамките од шестата рунда во квалификациите за Мундијалот во Русија.
Домаќините после погодоците на Дарио Лесчано и Едгар Бенитез имаа водство 2-0, но „кариоките“ преку Рикардо Оливеира и Дани Алвес успеаја да се спасат пораз.
Погодокот на Едисон Кавани во вториот дел се покажа пресуден за победа на Уругвај против Перу. Со овој триумф уругвајците се искачија на првото место на табелата.
И светскиот вицепрвак Аргентина запиша три бодови во шестата рунда од квалификациите совладувајќи ја селекцијата на Боливија со 2-0. Габриел Меркадо во 20-та минута го отвори резултатот, а печат на победата стави Лионел Меси од пенал во вториот дел.
Резултати: Колумбија – Еквадор 3-1, Уругвај – Перу 1-0, Аргентина – Боливија 2-0, Венецуела – Чиле 1-4, Парагвај – Бразил 2-2.
Табела: Уругвај 13, Еквадор 13, Аргентина 11, Чиле 10, Колумбија 10, Бразил 9, Парагвај 9, Перу 4, Боливија 3, Венецуела 1.
OhridNews