Репрезентација на Бразил го освои златниот медал на фудбалскиот турнир на Олимпијадата во Рио. Домаќинот до златото преку Германија стигна по подоброто изведување на пеналите со 6-5 (1-1). Суперзвездата Нејмар беше стрелец на победничкиот пенал, со што Бразил за прв пат во фудбалската историја и го освои златото Олимписки Игри.
Триумфот ги залечи раните на бразилците по убедливиот 7-1 пораз од Германија во полуфиналето на Мундијалот 2014.