Марлон Натанијел, играч на бразилскиот второлигаш Сапукајенсе, бил уапсен во текот на натпреварот на неговиот тим против Фарупиља. Полицијата во Порто Алегре ја немала неговата адреса на живеење, поради што решила да го упаси за време на мечот.
Во моментот кога бил уапсен Марлон седел на клупата за резерви, а подоцна во полициската станица ги негирал обвинувањата за делата за кои го товари полицијата.
Марлон (21) се товари за неколку кривични дела. Според полицијата учествувал во киднапирања, злоупотребил кредитни картички и возел украдени автомобили.
Марлон во клубот има месечна плата од 1.000 долари, а клубот не излесе со став околу апсењето на фудбалерот.
OhridNews