Бразилската полиција уапси маж кој се обиде да го украде олимпискиот оган при една од неговите штафетни етапи низ земјата домаќин на претстојните Олимписки игри.
Инцидентот се одиграл во градот Гуаруљос во бразилската сојузна држава Сао Паоло. Човекот се обиде да го нападне носачот на олимпискиот факел, но бил совладан од полициските службеници кои ја обезбедувале штафетната поворка.
На снимката што ја емитуваше порталот Globo1 во саботата, мажот се обидува да го пробие кордонот, при што настрадал еден полицаец. Потоа непознатиот бил приведен.
Олимпискиот факел ќе престојува во државата Сао Паоло следните денови и ќе пристигне во Рио де Жанеиро на 4-ти август, еден ден пред одржувањето на церемонијата на отворањето на Олимписките игри.
Летните олимписки игри 2016 во Рио ќе се одржат од 5-ти до 21-ви август.