Еден од најголемите конзорциуми во САД се подготвува да ги откупи правата на Форс Индија во натпреварите во F1.


Џек Бребем 1959 и сега со истата кацига

Овој проект е заснован на соработката со производителот во сериското производство на автомобили Бребем. Дејвид Бребем син на трикратниот шампион во F1 Џек Бребем, напорно работи неколку години со цел ова име да го врати во наптреварите на Фомула 1.

“Брендот Бребем веќе 69 години е застапен во тркачкиот свет и имаме намера да се вратиме на патеките во F1. Откако го обзнанивме овај проект, добивме огромна поддршка од многу страни кои имаат различни сфери на интерес. Сега за сега можам само ова да го откријам“ – Изјави помладиот Бребем.


Џек Бребем со болидот во 1970

Во прилог му оди тоа што сопственикот на Форс Индија веќе подолго е во проблеми, а тоа се рефлектира и на неговите партнери. Зато се’ почести се приказните дека тимот ќе се продава, а нов инвестирот би придонесол за стабилна позиција.

OhridNews