Анџелина Џоли и Бред Пит наводно биле преокупирани со тајните припреми на својата венчавка која би требало да се одржи според Хинду обичаите на почетокот на 2011 година во романтичниот Џопур, преубав град во индиската држава Раџастан. Индиските медиуми тврдат дека холивудскиот пар ќе се венча според свадбениот хинду ритуал “ферас’, кој се состои од кружење околу свет оган, а церемонијата ќе ја надгледувал нивниот духовен советник Рам Лал Сијаг.


Нивниот советник не сакал ниту да ја потврди ниту да ја демантира оваа вест, иако добро известени извори наведуваат дека подготовките се во тек и тоа со силен интензитет. Според истите извори, благодарение на јогата која секојдневно ја практикуваат и изговарањето на „мантрата“, оствариле мир и хармонија и ја зацврстиле својата врска, па сега се спремни за она што со години го избегнуваат.