Продуцентите на турската сапуница „Сулејман Величествениот“ преговараат со американскиот актер Бред Пит околу гостувањето во една од епизодите во оваа популарна серија, јавуваат турските медиуми, пренесува „Макфакс“.
Бред Пит во новата сезона на „Сулејман Величествениот“?
23.07.12 16:19
Продуцентите на турската сапуница „Сулејман Величествениот“ преговараат со американскиот актер Бред Пит околу гостувањето во една од епизодите во оваа популарна серија, јавуваат турските медиуми, пренесува „Макфакс“.
Ако договорот не биде постигнат, следниот на листата меѓу американските актери е австралиската ѕвезда Мел Гибсон.
Турскиот дневен весник „Сабах“ пишува дека според желбите на продукциската куќа ТИМС, Пит и Гибсон би требало да го глумат монголскиот кан, а сцената, според пишувањата, ќе изобилува со масовна борба.
Бред Пит за оваа улога би добил два милиони долари, а се претпоставува дека Гибсон би добил далеку помалку, бидејќи кариерата веќе со години му оди надолу поради низа скандали со расиситички изјави со возење по дејство на алкохол.
OhridNews
извор:„Макфакс“
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











