Познатиот охридски угостителски бренд „Кадмо“, од денеска ја збогатува својата понуда со отворање на „Lounge bar“. Новиот угостителски објект се наоѓа вeднаш до кафе терасата „Кадмо“ на брегот на Охридското Езеро, во стариот дел на Охрид.

Лаунџ барот „Кадмо“ во функција ќе биде ставен денеска од 18 часот со дегустација на специјалитети од храна кои ќе ги нуди. Во лаунџ барот посетителите ќе можат да вкусат разни мезиња, модерно аранжирани специјалитети, како и пици, а сето тоа по исклучително достапни цени, најавуваат од „Кадмо“. 

Храната ќе се подготвува во современа кујна според традиционални и проверени рецепти. Акцент ќе биде ставен на здравата храна со медитерански додатоци, а ќе се служи и „вино од куќата“. Покрај класичното, се подготвува и специјално мени за доручек, а понудата постојано ќе се збогатува, велат од „Кадмо“. 

Аирлија!

OhridNews