Контроверзниот фудбалер Марио Балотели задолжителните денови во карантин ги поминува со видео интервјуа со познати личности од животот во Италија.
После неколку фудбалери и пејачи Балотели најави видео интервју со порно ѕвездата Роко Сифреди. Претседателот на Бреша, Масимо Челино веднаш после најавата му се јавил на Балотели и му забранил да разговара јавно со Сифреди.
Причината за забраната не е позната, а истрага на слулајот најави италијанскиот весник „Кориеро дело Спорт“.
Балотели во Бреша се пресели на почетокот од оваа сезона и во 19-те одиграни натпревари во Серија А постигна само пет голови. Италијанскиот репрезентативец со Бреша потпиша двегодишен договор, но ако клубот испадна договорот автоматски се раскинува.
OhridNews