Победникот од дуелот Мешков – Нексе, ќе биде противникот на Вардар во полуфиналето на завршниот турнир на СЕХА лигата во Веспрем на крајот од месецов.


По победата на Мешков на гостувањето во Скопје, против Металург, 26-17, решени се дилемите околу шест екипи што ќе разигруваат за титулата во Регионалната лига.

Хрватскиот тим Нексе го освои шестото место, иако има да одигра уште еден меч, оној со Борац Бања Лука, но тимот од Нашице има еден бод предност во однос на Металург кој остана на седмото место.

На 25 март играат : Мешков – Нексе, ППД Загреб – Татран.

Победниците потоа два дена подоцна ќе играат во полуфиналето, со Вардар и со Веспрем.

Извор : Р.К. Вардар

Ohridnews