Македонската ракометна репрезентација, утре, на домашен терен против селекцијата на Финска ќе ги започне квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство. „Црвено жолтите“ како и целиот ракомет и спорт се соочуваат со проблеми поради пандемијата на коронавирусот. Од составот поради позитивен тест отпаднаа бековите Мартин Велковски и Марио Танкоски и крилото Мартин Поповски. Имун на вирусот не остана ниту стручниот штаб кој ќе биде скратен состав.

Без разлика на проблемите, се уште имаме квалитетен состав за почетокот на новите квалификации. Ќе направиме неколку рокади и ќе ги пополниме празнините кои се отворија. Верувам дека со максимален пристап и мотивирана и цврста игра во одбраната можеме да стигнеме до позитивен резултат во дуелот со Финска. Тие бележат евидентен напредок во играта на клубски и репрезентативен план, така да во ниеден момент несмееме да ги потцениме како состав. – изјави селекторот Данило Брестовац.

Натпреварот со Финска ќе биде прв, а три дена подоцна македонскита ракометари ќе одиграат нов меч од квалификациите, силите ќе ги одмерат со Швајцарија на гостински терен.

OhridNews