Манчестер Јунајтед ја забележа втората победа во подготвителниот период совладувајќи го Лидс со 4-0 (2-0) во мечот кој се одиграа во Австралија. Во првиот дуел избраниците на Оле гунар Солскјер славеа против Перт со 2-0.

„Црвените ѓаволи“ го надиграа Лидс во секој сегмент и заслужено извојуваа убедлива победа. Триумфот го најави младинецот Гринвуд кој погоди уште во 9-та минута. Најубавиот погодок беше дело на Маркус Рашфорд, кој пред да ја затресе мрежата со дриблинг се ослободи од двајца фудбалери. Во второто полувреме на 3-0 зголеми Фил Џонс, а конечните 4-0 ги постави Ентони Марсијал од белата точка.

В сабота, Манчестер Јунајтед ќе се сретне со тимот на Интер, кој ќе биде прв вистински супер предизвик за англискиот премиерлигаш во подготвителниот период.

OhridNews