
„Новите нуклеарни централи имаат важна улога во идното снабдување со енергија, заедно со другите ниско-фосилни извори“ рекол во парламентот министерот за енергетика Џон Хатон. Претходно владата во 2003 година нуклеарната енергија ја означи како неатрактивна, но изненадувачки високите цени на нафтата и гасот ја направија повторно конкурентна, а истовремено се зголемија и напорите за за смалување на емисијата на штетни гасови заради глобалното затоплување. Земјите како што се Франција и Финска исто така градат нови нуклеарни централи, а дозвола за градба побарале и некои американски компании, повторно оживувајќи ги ги ставовите дека атомската енергија е дел од решението за светските енергетски проблеми.Се смета дека новите нуклеарки би можеле да бидат пуштени во погон до 2017 година, што би и помогнало на британската влада да ја оствари целта за смалување на емисијата на штетни гасови до 2020 година.
Јасминка Т. Момироска











