Британска вечер на „Охридско лето“: Исата Кане-Мејсон ја воодушеви публиката, доделени фестивалски плакети
27.07.26 09:36
Врвна пијанистичка уметност, префинета музичка интерпретација и силна емоција ѝ приреди на фестивалската публика британската пијанистка Исата Кане-Мејсон, која синоќа настапи на фестивалот „Охридско лето“ во рамки на традиционалната „Британска вечер“.
Една од најистакнатите пијанистки на својата генерација, Кане-Мејсон уште еднаш ја потврди својата светска репутација, освојувајќи ја публиката со виртуозна техника, музикалност и исклучителна уметничка зрелост.
Со внимателно избраната програма, Исата Кане-Мејсон ја покажа својата врвна пијанистичка техника и длабока музичка чувствителност.
Публиката со долготрајни аплаузи ја награди извонредната изведба, а концертот уште еднаш потврди дека „Охридско лето“ продолжува да носи врвни светски уметници и програми кои ја збогатуваат културната понуда и го афирмираат фестивалот како еден од најзначајните во регионот.
За мене е вистинска чест што настапувам на фестивал со толку богата традиција и углед како „Охридско лето“. Среќна сум што имав можност преку музиката да ја споделам оваа вечер со публиката и се надевам дека таа ќе остане во убаво сеќавање за сите нас, изјави Исата Кане-Мејсон, која денес важи за едно од најбараните имиња на светската пијанистичка сцена, со настапи во најреномираните концертни сали.
Со нејзиниот настап, традиционалната „Британска вечер“ уште еднаш го оправда своето место во програмата на фестивалот, нудејќи ѝ на публиката незаборавно музичко доживување и уште една вечер исполнета со врвна уметност.
Во знак на благодарност за исклучителната поддршка на фестивалот „Охридско лето“ и придонесот во унапредувањето на културната соработка меѓу Обединетото Кралство и Република Северна Македонија, директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, им врачи фестивалски плакети на Неговата Екселенција Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, и на Клер Сирс Вуд, директор за Западен Балкан при Британскиот совет.
Заблагодарувајќи се за долгогодишната поддршка и успешната соработка, Цуцковски истакна дека Британската вечер е еден од најзначајните програмски сегменти на фестивалот и претставува симбол на пријателството, меѓусебната доверба и заедничката заложба за промоција на врвните културни вредности.
Пред почетокот на концертот, пред публиката се обрати британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон, кој истакна дека му претставува особена чест што, заедно со Британскиот совет, се домаќини на Британската вечер во рамките на фестивалот „Охридско лето“. Тој нагласи дека оваа традиционална вечер е уште една потврда за блиските културни врски и долгогодишното пријателство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.
Во своето обраќање, амбасадорот Лосон рече дека настапот на врвната британска пијанистка Исата Кане-Мејсон претставува исклучителен културен настан.
Овој концерт е уште една потврда за силните врски и одличното партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија. Цврсто веруваме дека музиката има моќ да ги зближува луѓето и да гради трајни пријателства, а токму тие вредности се темелот на односите меѓу нашите две земји, истакна амбасадорот Лосон.
Тој упати благодарност до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претставниците на Владата, партнерите и пријателите што присуствуваа на концертот, нагласувајќи дека нивното присуство е уште една потврда за силните односи што ги негуваат Обединетото Кралство и Северна Македонија и за заедничката посветеност кон унапредувањето на врските меѓу двата народа.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците од сДолно Лакочереј, информираат од ЈП Водовод Охрид Додаваат дека екипи на претпријатиет...
Синоќа на 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми По завршувањето на Факултетот за драмски ум...
Променливо облачно, а наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.