Британскиот амбасадор во Република Македонија, Чарлс Едмонд Гарет денеска ќе има свое обраќање на затворањето на курсот „Менаџирање на одбраната во поширок безбедносен концепт“ кој во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија се одржуваше во Охрид.
Во рамки на затворањето на курсот, свое обраќање ќе има и Државниот секретар во Министерството за одбрана, м-р Сашо Стефаноски.
Овој курс кој е под покровителство на Британската амбасада во Република Македонија започна на 2-ри јуни и на него учествуваа слушатели од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. На курсот се извршуваше обука за повеќе теми поврзани со менаџирањето на одбраната.
OhridNews