Пејачката Бритни Спирс планира по завршувањето на турнејата, на Хаваите да се венча за момчето и поранешен менаџер Џејсон Тревик, со кој е во врска две и пол години. Џејсон ја запросил Бритни во Лос Анџелес со романтична песна која ја напишал самиот, а после тоа популарната пејачка посакала најпосле да се скраси и да роди уште деца.


Непознат извор изјавил дека таа не сака да основа семејство со Џејсон додека не се венча за него, а планираат тоа да го сторат на Хаваите кога завршува светската турнеја на Бритни. Инаку, Бритни прв пат се венчала 2004 година за Џејсон Александер, со кој била во брак 55 часа. Истата година се венчала за Кевин Федерлајн со кој има два сина, а се развеле две години подоцна.