Како што навел Сем Луфити, поранешниот менаџер на Бритни Спирс, пејачкта дневно пиела по 30 амфетамини. Поради тоа, како што вели тој, ја избричила главата, бидејќи во влакната дрогата може да се пронајде и неколку месеци подоцна. Тогаш се плашела дека ќе и ги одземат децата. Била параноична бидејќи амфетамините ги јадела како бомбони и пушела кристален метамфетамин кога и да можела.

Нејзините родители тврдат дека тоа е лага и дека Луфити и ставал дробени амфетамини во храната. Луфити возвратил со тоа што рекол дека тие лажат и дека тие го уништиле сопственото дете. Според него, нејзиниот татко манипулирал со неа и ја искористувал, а се под изговор дека се грижи за неа. Додека Луфити и нејзините родители се развлекуваат по судови, Бритни Спирс ужива со вереникот Џејсон Тревик. Парот се преселил во новата вила во Калифорнија која ја купила Бритни.