Бритни Спирс е потполно незадоволна со својот изглед. Се решила со помош на пластична операција да се подмлади, а за тој потфат издвоила 150 илјади долари. Со својот изглед проблематичната пејачка веќе подолго била незадоволна, а посебно и сметале брчките на лицето и слабата коса.
Извор близок на пејачката изјавил дека била несреќна кога ќе се видела на фотографиите. Сметала дека има сало на грбот и стомакот и сакала тоа да го отстрани, па затоа до на пролет планирала да ослаби најмалку десет килограми.