Поп звездата Бритни Спирс сериозно размислува да ја реактивира својата актерска кариера. Според американските медиуми, пејачката која неодамна го објави својот седми студиски албум „Фатална жена“, голем дел од своето време минува читајќи сценарија со цел да пронајде нови улоги во што поскора иднина.
Таа претходно глумеше во филмот “Crosroads” од 2002 година, а се појави и во тв сериите “How I Met Your Mother” и “Glee”. Еден нејзин пријател изјавил дека таа треба да напредува како уметник. Тој додал дека размислува да прифати улога во филм кој е своевидна пародија на нејзиниот доскорешен хаотичен живот.