Бритни Спирс во љубовен четириаголник
22.11.12 00:05
Пејачката Бритни Спирс се нашла во ситуација која потсетува на заплет од латиноамериканските сапуници. Имено, нејзиниот прв сопруг Џејсон Александер бил во врска со поранешната девојка на вториот сопруг на Бритни Кевин Федерлајн.
Ова го открил извор близок на пејачката кој потенцирал дека таа се нашла во мошне интересна ситуација. Бритни моментално е во врска со менаџерот Џејсон Тревик, а медиумите секојдневно пишуваат различни приказни за нивната евентуална венчавка.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











