Одличен старт на натпреварувачката 2024 година за екипата на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација (М.Т.Т.Ф). На одржаниот Меѓународен натпревар „Тирана Опен 2024″ во соседна Албанија се закитија со 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 5 пехари за најдобри поединци и пехар за второ место екипно.

Настапивме со 19 натпреварувачи од 4 клубови, тројца судии, двајца тренери и две официјални лица. Учество на овај натпревар зедоа 27 клубови од 7 земји, Европа, Италија, Шведска, Ирска, Хрватска, Косово, Албанија и Македонија. Конкуренцијата беше жестока, но, нашите натпреварувачи во двете дисциплини во кои учествуваа, форми и борби, направија повторно да се гордееме со нив. Освоија 8 златни, 9 сребрени и 4 бронзени медали, 5 пехари за најдобри поединци-Давид Ристески, Михаил Крстаноски, Миа Танеска, Бојана Китаноска и Елена Јанеска која беше избрана и за најдобра јуниорка на натпреварот и доби 100 евра парична награда. Во севкупен пласман го освоија пехарот/плакета за второто место, вели Марјанчо Лазаревски претседателот на М.Т.Т.Ф.

Упати благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Агенцијата за млади и спорт и Општината Охрид и воедно го најави Државното првенство во Таеквон-до ИТФ кое на 16 март ќе се одржи во малата сала при С.Р.Ц. „Билјанини извори“ во Охрид.

Како и минатата година ќе биде органзирано од страна на клубот „Мастер“од Охрид, кој е првиот отворен клуб во Македонија и ја има честа да биде организатор. Право на учество имаат сите членови на М.Т.Т.Ф. По Државното првенство ќе учествуваме во Корча на „Албанија Опен“ што ќе ни биде одличен тест за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Копер Словенија од 15-22.04.2024 година, додаде Лазаревски.

Резултати од клубовите кои учествуваа на “Тирана Опен 2024”:

ТК “ХВА РАНГ ИТФ”, Лескоец, Охрид: 6 златни 5 сребрени 2 бронзени и 4 пехари за поединици,

ТК “МАСТЕР”, Охрид: 1 златен, 3 сребрени,

ТК “ЧОНЏИ”, Косел, Охрид: 1 златен, 1 сребрен пехар за најдобар поединец /кадет,

ТК “СОНКАЛ”, Мислешево, Струга:  2 бронзени медали.

OhridNews