Во јули 2025 година, ТАВ Македонија, подружница на TAV Airports членка на Групацијата АДП, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи 353.063 патници и 2.750 летови.

Бројот на опслужени патници во јули ги надмина бројките од 2024 година за 7%, додека бројот на летови во јули 2025 е за 4% поголем од јули во 2024 година. Во првите 7 месеци, јануари – јули, од 2025 година, опслужени се вкупно 1.882.514 патници и 14.985 летови, информираат од ТАВ.

Бројот на опслужени патници, посочуваат, ги надмина бројките од истиот период во 2024 година за 5%, додека бројот на летови е за 3% повисок за периодот јануари – јули во 2024 година.

OhridNews