Охридските основни и средни училишта, детската градинка и јавните претпријатија, со бројни активности го прославија Денот на пролетта.

Најмладите со пролетни маски и детска песна традиционално беа на градскиот плоштад, во училиштата се расчистуваа дворовите. Пролетни акции имаше и во јавните претпријатија.

Вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески, ги посети  вработените  на ЈП „Охридски комуналец“ и  учениците кои го чистеа и хортикултурно го уредуваа паркот зад спортската сала на гимназијата „ Св. Климент Охридски“.

OhridNews