Ученици од средното музичко училиште „Тодор Скалоски“ од Струга, освоија бројни високи награди на државниот натпревар на млади музичари што се одржа во Скопје и на меѓународниот натпревар во Битола.

Во категоријата солфеж: ученичката Мила Тренеска од втора година ја освои Втора  награда на државниот и прва награда на меѓународниот натпревар, Методија Столески од втора година освои трета награда и прва награда на меѓународниот натпревар, Александар Грунчевски од трета година освои прва награда.

Теорија на музика прва година: Давид Нелоски  освои прва награда и специјална награда на меѓународниот натпревар, Марио Стојаноски две Први награди, Ателина Камо-прва награда, Александар Јованоски две први награди, Теодора Павлеска-втора награда, Мартина Шавреска пофалница и втора награда на меѓународниот натпревар.

Во категоријата хармонија втора година: Еритон Исмаили освои специјална награда на државниот натпревар и Прва награда на меѓународниот натпревар, Мила Тренеска две први награди, Биљана Буџакоска две први награди, Бојан Стојаноски две први награди, Александар Полетан освои прва награда и Никола Николовски втора награда.

Хармоника за трета година: Игор Климовски освои две втори награди, Александар Грунчевски втора награда и Анастасија Мојсоска трета награда.

Контрапункт : Анастасија Мојсоска од трета година освои втора награда, Јован Јовановски од четврта година освои втора награда.

Музички форми четврта година: Јован Јовановски освои прва награда.

Хармоника четврта година-Јован Јовановски освои втора награда.

Инструменти: Давид Нелоски освои втора награда во категоријата кларинет, Еритон Исмаили-прва награда категорија клавир, Биљана Буџакоска освои трета награда за соло пеење и Игор Климовски освои трета награда во категоријата хармоника.

OhridNews