Поминаа точно 5 години од моментот кога бродот Армада за прв пат започна да крстари по бистрите езерски води. Таа 2019-та година, откако беше комплетно реновиран, го започна своето патување по Охридското Езеро, кое трае до ден-денес.

Армада има две палуби кои лесно може да се претворат во совршено место за вашите приватни забави, но и средби од секако вид како и корпоративни настани. Ќе ве пречека нашата пријателски расположена екипа и капетанот кои ќе направат да се чувствувате безбедно и удобно, додека ви се случува уште едно незаборавно искуство по Охридското Езеро. Нудиме дневни крстарења до манастирот Св. Наум, нашите познати Adventure cruise и Sunset tours, како и ноќни крстарења во периодот од јуни до септември. Многу бури поминавме заедно, одиме понатаму…, велат од тимот на Брод Армада.
OhridNews












