Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се водат за исчезнати во бродската нереќа што се случила вечерва околу 22 часот на реката Дунав во близина на парламентот на главниот град на Унгарија, Будимпешта.

Како што пренесуваат светските агенции, туристичкиот брод „Сирена“ на кој имало 34 лица се судрил со помал пловен објект по што се превртел и потонал.

Унгарските медиуми пренесуваат дека најголемиот број од патниците на туристичкиот брод биле од Јужна Кореа.

Во тек е спасувачка акција.

OhridNews