Охридските бродари, деновиве продолжија стилски да ја доуредуваат котвата поставена на градското пристаниште.

Покрај железните столпчиња кои беа поставени деновиве, во завршната фаза беа доуредени камчињата кои го дополнуваат естетскиот изглед на оваа атракција на охридското пристаниште.

Инаку, целото уредување на котвата се врши самоиницијативно со средства собрани од охридските бродари, а би требало да заврши во наредните неколку денови.

О.Т.