Новоизградениот брод, кој како што нагласуваат сопствениците е направен според сите европски стандарди, “ Александрија 2” се очекува наскоро да заплови во водите на Охридското езеро.


Како што информираа од охридската Капетанија наредната недела се очекува да пристигне екипа од овластениот бродски регистар „Биро Веритас“ кој треба да ја изврши техничката контрола за исправноста на пловниот објект, со цел да се добие потребниот сертификат за пловидба.

Бродот е изграден во Македонија, а има капацитет да прими од 150 до 200 патници.

OhridNews