Во глисерот што се запали вчера во близина на Елешец имало шест патници, од кои три биле малолетни деца. Нив им помогнале пловилата кои се нашле во непосредна близина, а 14 минути по несреќата која најверојатно ја предизвикал дефект на глисерот, пристигнал и Бродот амбуланта на Црвениот крст, кој за инцидентот бил известен од спасувачките екипи на блиските плажи.
Патниците од опожарениот глисер за кои неофицијално дознаваме дека биле од Скопје, биле преземени од Бродот амбуланта и пренесени на копно. Од лекарскиот преглед било утврдено дека две лица имаат лесни изгореници на долните екстремитети, кои биле веднаш третирани, додека една жена која се жалела на болки во грбот по укажаната помош била пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ со возило на брза помош.
СВР Охрид работи на откривање на причините за пожарот, во кој за среќа нема жртви и посериозно повредени.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com