Веќе 23 години во каналот Студенчишта закотвен стои пловен објект, кој меѓу охриѓани е познат уште како „Бродот на Ѕинго“.
Донесен во раните 90-ти години од минатиот век како голем „атракцијаа“ на ривиерата, денеска истиот претставува грда слика во близина на Хидробиолошкиот завод.
Старите охридски кајчари и бродари, кои добро го паметат, велат дека долг временски период пловниот објект се наоѓа во полу-распадната состојба, а според проценките неговата тежина надминува дестици тони.
Минатата година, бродот беше делумно потонат поради обилните врнежи од дожд и високото ниво на каналот и езерото.
„Бродот на Ѕинго“ откако е закотвен во каналот Студенчишта, најпрво беше собиралиште на бездомници, а на неколку наврати беше и опожарен.
O.T.