Бродот „Мис Стон“ кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој се излеа помала количина нафта, е извлечен од вода и наредните денови ќе биде дислоциран од ова место.

-Екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ со пумпи ја отстрани водата од внатрешниста на бродот, кој потоа со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот беше исправен и прицврстен во близина на хангарот од Хидробиолошкиот завод. Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира од каналот. – информира локалната самоуправа.

Ваква постапка ќе биде спроведена за 6 руинирани пловни објекти во каналот Студенчишта.

Од Капетанијата на пристаништата најавиа дека ќе биде покрената постапка за утврдување одговорност за еколошкиот инцидент и ќе биде изречена соодветна казни на сопственикот на бродот. Роднини, пак, на сопственикот на 2Мис Стон“ тврдат дека еколошкиот инцидент го предизвикал засега непознат сторител кој без дозвола и самоиницијативно го дислоцирал бродот од ено на друго место во каналот и го оштетил

OhridNews