По излевањето на дизел гориво од потонатиот брод „Мис Стон“ во каналот Студенчишта на лице место илегоа сите надлежни институции кои преземеет соодветни мерки за санација на последиците од еколошкиот инцидент. Горивото кое формира тенок слој на површината од каналот беше третирано со специјални средства за разградување, со цел да се спречи поголемо загадување на животната средина.

Покрај претставници на локалната самоуправа и охридската Капетанија, на терен излезе и надлежниот Државен инспектор за животна средина од Охрид (ДИЖС) кој направил вонреден инспекциски надзор.

-На лице место беше утврдено дека се работи за инцидент со бродот „Мис Стон“ кој е полупотонат при што е излеано одредено количество нафта во водата на каналот. Согласно законската регулатива ДИЖС ќе ги превземе сите законски мерки и веќе е отворен предмет во инспекциска постапка. За денескае закажано итно вадење на бродот од каналот со соодветна механизација, со што ќе се спречи натамошно излевање на нафта во езерото, а со тоа и потенцијалните последици за живиот свет во него и животната средина. – информира локалната самоуправа. 

OhridNews