Бродовите Александрија 1 и 2 утревечер, 20-ти септември, по повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“ ќе пловат до манастирот во Калишта по симболична цена.
Картите по цена од 250 денари во двата правци (повратна карта) може да се набават во текот на денешниот ден на градското пристаниште до 19 часот.
Поаѓањето на бродовите е утре во 19:30 часот од градското пристаниште во Охрид, а враќањето од Калишта е вечерта во 22.30 часот.
OhridNews