По повод големиот верски празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, бродовите „Александрија“ ќе пловат до манастирот „Св.Наум“, освен во сабота, по празнична цена ќе пловат и на денот на празникот во недела.
Цената на повратен билет до Св. Наум за сабота изнесува 400 денари, а за недела, 3 јули – 500 денари во двата правци.

Во очи празникот, вечерва, бродовите „Александрија“ испловуваат од градското пристаниште во Охрид во 19:30 часот. Во недела, 3 јули, тргнувањето од Охрид кон манастирот Св. Наум каде масовно се празнува Денот на Чудотворецот, тргнувањето е во 10:00 часот.
Карти по празнична цена кои се во ограничен број за сабота (19:30) можат да се купат денеска на Градското пристаниште. Картите за недела, исто така во ограничен броj, ќе се продаваат на градското пристаниште во Охрид, a поаѓањето е во 10:00 часот.
Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.
OhridNews











