Утре, 6-ти јануари 2015 година, бродовите Александрија 1 и 2 ќе пловат до манастирот Св.Наум по симболична цена од 100 денари. Поаѓањето е во 9:30 часот од градското пристаниште.
Оваа бродска линија се организира по повод христијанскиот празник Водици кој според Грегоријанскиот календар ќе се одбележува утре во Поградец, со фрлање на светиот крст во Охридското Езеро.
Терминот на враќање од Св. Наум на патниците ќе им биде соопштен за време на пловидбата кон манастирот.
Инаку по повод верскиот празник Св.Наум Охридски – Чудотворец, кој се празнува денеска, бродовите Александрија 1 и 2 и утрово пловеа до манастирот Св.Наум по симболична цена од 100 денари.
OhridNews