Брзата интернет конекција во источна Африка била сериозно оштетена бидејќи едно сидро, фрлено од еден брод, ги уништило оптичките кабли покрај брегот на Кенија. Бродот чекал знак да се усидри во Момбас, едно од најпрометните пристаништа во Африка, но се усидрил во забранетата зона. За поправка и замена на каблите ќе бидат потребни најмалку 14 дена. Станува збор за еден од трите подводни кабли кои биле спроведени во 2009 година, како регионот источна Африка би добил брзи интернет врски.

Како привремено решение интернет провајдерите и операторите на мобилната телефонија биле префрлени на друга линија. Поради инцидентот дошло до забавување на интернет врските за 20 проценти во Кенија, Руанда, Бурунди, Танзанија, Етиопија и јужен Судан. Во првата година од воведувањето на брзиот пристап кон интернетот, бројот на претплатници во регионот пораснал од 1,8 на 3,1 милион.