Со цел подигање на нивото на свеста кај населението, особено кај младата популација за опасностите од срцево-садовите заболувања и мозочните удари, како и за значењето на здравиот начин на живеење за здраво срце, под мотото „Намалете го стресот и сочувајте го срцето“, Црвен крст Охрид од 21- ви до 28- ми февруари ја  одбележува “Неделата на срцево-садови заболувања”. Посебен акцент во активностите ќе биде ставен на вештината на  укажување прва помоШ  како безбедносна мерка при срцев напад и мозочен удар.

Во текот на Неделата на срцево-садови заболувања ќе се одржат едукативни предавања во основните и средните училишта, а во среда со почеток во 19 часот во просториите на општинскиот Црвен крст ќе се одржи и јавно предавање за ризик факторите за болестите на срцето и крвните садови и презентација на техники за укажување на  прва помош при срцев напад и мозочен удар. Слични предавања се предвидени и за  членовите на Здружението на пензионери од Охрид и Дебарца, а во недела ќе биде организирано и пешачење до село Велестово каде ќе се вршат бесплатни здравствени прегледи во Домот на Црвен крст во Велестово. Истиот ден бесплатни прегледи ќе се вршат и пред Црвен крст Охрид со почеток во 10 часот.

Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според податоците на Светстката здравствена организација, секоја година од болести на циркулаторниот систем умираат околу 17,1. Во Европа околу 50% од сите смртни случаи, се предизвикани од овие заболувања. Се повеЌе заболуваат лица под 65 години возраст, односно лица во најпродуктивниот период од животот. Доколку не се превземат соодветни мерки до 2030 г., 23,6 милиони луЃе, секоја година Ќе умираат од срцево-садови заболувања (главно од срцеви и мозочни удари).

Статистичките податоци за Македонија покажуваат дека срцево-садовите заболувања  се водечка причина за смрт и кај нас (не само во секоја опШтина пооделно, туку и на ниво на државата).

Здебеленост, неправилна исхрана, пуШење и физичка неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат во се помлада возраст. Таквите нездрави навики и животен стил се се почести меЃу децата и адолесцентите. Токму тоа е период кога со навремени и соодветни постапки може да се насочи развојот на детето во зрела личност, одговорна за своето здравје, здравите животни стилови и со фактори на ризик сведени на најмала можна мерка.

OhridNews