Денес се реализираа дел од активностите на општинскиот Црвен крст во рамки на одбележувањето на Неделата за грижа на старите лица .

Учениците при ОУ,,Ванчо николески,, од Лескоец со наменски приготвена програма ги израдуваа лицата сместени во геријатриското одделние  при Општата болница Охрид. Учениците и волонтерите на Црвен крст Охрид на згрижените лица во одделението им подарија и рачно изработени честитки , прехрамбени производи како и помагала за движење, крпи, чаршафи и облека, донирани од хумани сограѓани и организации.

Денес  во просториите на Црвен крст, повозрасните граѓани имаа можност и  бесплатно да го измерат нивото на шеќер во крвта, а од страва на волонтерите беа посетени и лицата кои престојуваат во објектот на Здружението на пензионери на Општините Охрид и Дебарца.

Годинава одбележувањето на Неделата за грижа на старите лица се спроведува под мотото „НИЕ сакаме, ВИЕ знаете, ЗАЕДНО можеме“ .

OhridNews