ОУ „Христо Узунов“ со низа активности ќе го прослави својот патронен празник. Во среда, 23 април, ќе биде положено свежо цвеќе пред бистата на Узунов во училишниот двор, при што ќе биде одржан историски час, а ќе се доделат и награди за учениците.
Во 18 часот во Центарот за култура ќе може да се посети изложбата од ликовни педагози и детски ликовни творби, настан под раководство на професорот Ристе Никлески.
Во 19 часот ќе започне свечената приредба на која ќе настапи хорот при училиштето,ќе се прогласи првенец на генерацијата , а присутните гости ќе имаат можност да ја проследат и изведбата на учениците од рецитаторската секција, хорот и оркестарот под раководство на професорите Оливија Пирузева Јанева, Илија Булоски, Вера Булоска, Стефанка Ангелоска, Билјана Трајкоска.
Во четврток пред бистите на Методи Патчев и Христо Узунов во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе и ќе се одржи истриски час. Ќе се посети и гробот на Узунов во село Цер, а предвидени се и спортски натпревари во училиштето.
OhridNews